Достапни линкови

Уште еден доказ дека европската мисија не е статусно неутрална, оценуваат Србите на Косово


ЕУЛЕКС има намера да го оневозможи натамошното дејствување на паралелните структури на српската власт на Косово што постојат повеќе од девет години. Претставниците на србите на Косово сметаат дека тоа е уште еден доказ дека европската мисија не е статусно неутрална.

ЕУЛЕКС има едноставен пристап кон проблемот, наведувајќи дека мисијата ќе работи во интерес на сите граѓани на Косово:

„За ЕУЛЕКС е јасно дека треба да постои само еден систем на функционирање на законите на Косово и ние работиме во тој правец и ќе обезбедиме подобрување на сегашниот систем.“

Вели портпаролот на европската мисиха Карин Лимбал, додавајќи дека во тоа треба да се вклучат и србите. Посматрчите пак потсетуваат дека и УНМИК ветувал оти паралелните структури на Србија на северот на Косово ќе бидат расформирани, но оти тоа го толерирал, заради зачувување на мирот. Аналитичарот Рамадан Чехаја вели дека станува збор за многу чувствително прашање:
„Се поставува прашањето како да се бориме против паралелните структури, посебно оние од областа на безбедноста кои постојат во северниот дел на Косово. ЕУЛЕКС ќе има големи тешкотии ако не почне да го решава тој проблем.“

Еден од лидерите на србите на северот на Косово Марко Јакшиќ оценува дека таквата опредлеба на ЕУЛЕКС ќе значи дека таа мисија не е статусно неутрална.

„Тој во самиот старт ја крши резолуцијата за која дојде на Косово и Метохија и мислам дека тоа што го работи, пред се има за цел да ги протера и преостаните срби од Покраината. Ние со политички средства ќе се бориме за да ги задржиме нашите структури. За нас паралелни структури, се оние на самопрогласената Република Косово.“

Вели Јакшиќ. ЕУЛЕКС се уште не го одреди рокот кога треба да се создадат услови за воспоставување на единствен систем на владеење на правото на Косово. Сепак, во таа мисија се надеваат дека постојат големи шанси тоа наскоро и да биде остварено.
XS
SM
MD
LG