Достапни линкови

Партиите бараат поактивен однос и од Европската Унија


Ден по критиките кои евроамбасдорот Ерван Фуере ги изнесе на брифинг со новинарите преставниците на полтичките партии ја критикуваат и европакста унија. Точно е дека не треба причините за неуспехот на земјава во процесот на евроинтеграциите да се бараат само во надворешните фактори но и Брисел требаше да реагира порано во однос на внатрешните состојби кои се креира во Македонија смета пратеникот од опозициниот социјал демократски сојуз Анрдеј Петров

Мислам дека тие предолго овозможија работите кај нас да се одвиваат сами по себе. Притоа, не сакам да истакнам дека грешките се само на владата или дека опозицијата нема правено грешки. Очигледно, дозволија работите да се одвиваат сами по себе, без тие позначително да влијаат

Проблемите дома за кои зборуваше Фуере релно постојат смета лидерот на демократскиот сојуз Павле Трајанов кој е дел од владеачка колаиција.Како член на собраниската комисија за надворешна политика тој коментира дека сепак од страна на евродипломатите тие се предизениорани поради проблемот со името со Грција за кој смета Трајанов евродипломатите не сакаат отворено да признаат дека влијае врз процесите

Тие тоа треба да го кажат: ние очекувавме на го смените името, вие не го сменивте и ние сме разочарани. Мислам дека таа теза е крајно неприфатлива за Република Македонија

Според Петров пак лоша порака за македонските грагани е дека евродипломатите во Скопје сметаат дека во 2008 година ги преецениле можностите на макединија . Оптимистички е преставниците на унијата да мислеле дека ке ги поченем преговирте годината кога и го добивме кандитаскиот статус а не 3 години подоцна додава Петров

Во пораката што е уптена до граѓаните на Македонија е фрустрирачка. Што да очекуваме: шест-седум години да имаме кандидатски статус, па да ги почнеме пеговорите?!

Но и покрај овие критики до Брисел сепак вели Петров најголемата вина за неуспехот е кај македонските политичари. Владата вели тој пораките од Унија досега ги свака и прима само декларативно

Суштински треба да се покаже дека се работи, а тоа во овој момент не е мој впечаток, ниту пак е впечаток на поголем дел од граѓаните

Се што е кажано од Брисел Македонија треба да го прифати и имплеметира вели Тахир Хани од владечаката ДУИ кој смета дека доколку не се реши спорот со Атина тој ке влијае врз евро интергартивните процеси. Хани смета дека овие критики се веке прифатени од македнките полтичари

Сите партии ја прифаќаме оваа критика како реалност на Македонија
XS
SM
MD
LG