Достапни линкови

Скопје:15 годишнина од воспоставувањето дипломатски односи со 13 европски земји


Со централна свеченост во Домот на АРМ под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“, македонското Министерство за надворешни работи и повеќе странски дипломатско конзуларни претставништва, денеска ќе ја одбележат 15-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со 13 европски држави. Предвидено е на свеченоста да се обрати министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а во име на странските дипломати ќе говорат доајенот на дипломатскиот кор - амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија Карл Виби и Бернар Валеро, амбасадор на Француската Република во својство на претставник на земјата претседавач во ЕУ.
XS
SM
MD
LG