Достапни линкови

logo-print

Несогласувањата меѓу владата и странските фирми лош сигнал за инвеститорите


Иако сметаат дека во секој оснос со странските инвеститори треба да се почитуваат договорите и законите, економистите и луѓето од бизнисот несогласувањата меѓу владата и некои од постоечките странски компании со свој капитал во земјава го сметаат за лоша порака до странските инвеститори кои Македонија ја разгледуваат како потенцијална дестинација. Најновиот енергетски судир кој се случи меѓу Владата и ЕВН околу новата методологија за пресметување на вцената на електричната енергија е еден во низата. Со различни проблеми во земјава се соочија и шведски Сведмилк, грчка Окта , рускиот Лукоил.

„Може да биде лош сигнал. Знаете дека инвеститорите не ги изучуваат во тенчина сите проблеми, така што принципиелно може да биде лош сигнал.“
„Секој лош глас за Македонија ќе влијае негативно на сите странски инвеститори што доаѓаат од ЕУ,“


велат Николајчо Николов менаџер на руската компнаија Солвеј која е сосптвеник на рудникот Бучим и бизнисменот Ристо Гуштеров. Професорот Тихомир Јовановски сепак смета дека прават и нобврските од договорите кои ги потпишува владата со странските инвеститори мора да се почитуваат и дека токму доколку не се држи до тоа би можела да се испрати лоша порака до инвеститорите.

„Во тие договори постојат права и обрски. Тие треба да се извршуваат на време, и потполно без оглед дали се домашни или странски инвеститори.“

За биснисменот Ристо Гуштеров ваквите судири не се неочекувани ниту бе з основа која тиој ја наоѓа во недореченоста на законите кои ги засегаат и се однесуваат на странските инвестиции во земјава.

„Нашите закони по природа стално остават некој простор за шпекулација и бенефити кои некоја страна треба да ги направи. Законот не е Библија, подлежи на промени и со одредеи амандмани се решаваат сите недоразбирања.“

Разумни преговори можат да бидат решение за ваквите проблени кога веќе тие ќе настанат, зошто во спротивно штета ќе претрпат двете страни, заклучува Гуштеров.
XS
SM
MD
LG