Достапни линкови

Одмерување на силите или покажување сила пред помалите партии?


Двете најголеми партии од македонскиот политички блок ВМРО ДПМНЕ и СДСМ според најавите на мартовските локални избори ке настапат сами. Иако формалните одлуки и во двете партии не се донесени се почесто се споменува можноста за гаснење на коалициите со кои досега одеа на избори. И додека во опозициониот блок прв за самостоен настап се изјасни помалиот колаицинен партнер ЛДП во случајот на владечаката коалиција според гласините на самостојно излегување пред гласачите инситирал извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Мнозинскиот систем кој се применува на локалните избори вообичаено ги изолира помалите политички партии и ги исфрла во преден план големите при што се најчесто формира дво партиски систем вели Владимир Мисев од иснтитуот за демократија според кој тоа е една од причионите за евентуалните одлуки за самостиен настап.

„Тука е многу извесно, во условно кажано, македонските општини, главни кандидати ќе бидат од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ. Освен, ако кандидатот од некоја друга помала политичка партија лично не ужива рејтинг,“

вели Мисев и кој очекува и помалите партии на мартосвки избори да номинраат свои каднидтаи но градоначалничките места да отидат во рацете на поголемите.

Аналитичарот Алберт Муслиу пак причините за санмостојните настапи ги лоцира и во внатрешно партиските односи. Според него на ваков начин ВМРО ДПМНЕ и СДСМ сакаат да направат консолидација во своите редови.

„На двете партии им требаат сите членови и сите гласови кои треба да ги добијат. Коалицирањата со помалите партии значат и отстапување на градоначалнички и на советнички места, што некогаш значи и револт во сопствените редови.“

Меѓу другите деновиве како причина за евентуланта таква одлука на најголемата владечака партија се споменува и дека ВМРО ДПМНЕ сака да им покаже на помалите коалицини партнери каде им е местото Муслиу не ја исклучува и таквата можност:

„Начинот на кој се коалицираше до сега и се одржуваа некои партии што немаа реална поддршка во електоратот.“

Некои од помалите партии по престојните избори Муслиу очекува и да згаснат. Трендот на окрупнување на политичките сили е пристутен веке извесно време во целиот регион додава тој

„На политичката сцена, ако сте дел на поголема коалиција, имате начин и да привлечете членови, а ако не сте, тогаш сигурно е дека и членството ќе почне да се намалува.“

Земајќи го во предвид мнозисниот систем и тоа дека се работи за локални избори Мисев пак не очекува губење на помалите партии од политичката сцена.
XS
SM
MD
LG