Достапни линкови

Словенија ги блокира преговорите


Словенечкото блокирање на отворањето, односно затворањето на преговарачките поглавија со Европската унија ги фрли во втор план хрватските обврски на патот кон нејзино членство во Унијата. Тука пред се, се мисли на добро познатите таканаречени домашни задачи што ги доби Хрвтска за да стане дел од Унијата.

Словенија го блокира отворањето на шест и затворањето на две преговарачки поглавија, бидејќи смета оти Хрватска со веќе доставените материјали го прејудицира конечното одредување на граничната линија, со што Словенија ќе нема излез кон меѓународните води на Јадранско море. И додека официјален Загреб ја убедува Љубљана во спротивното, дел од хрватските новинари и аналитичари сметаат дека најмногу на патот кон Унијата треба да се стори во врска со справувањето со корупцијата.

Хрватска стои токму онака како што се гледа низ процесот. Фактот што годинава нема да го отвориме поглавието за корупцијата, организираниот криминал и правосудтсвото значи дека се уште треба работине на овие прашања.

Вели Аугустин Палокај, дописник на Јутарњи лист од Брисел. Професорот по ефвропски интеграции на Факултетот за политички науки во загреб Дамир Грубиша пак, со оценка дека сегашната ситуација наликува на неодамнешните кавги со Словенија околу риболовниот појас.

Имено, фокусот на јавноста беше насочен врз овој појас и кавгите околу него, а истовремено се констатираше дека бавно се одвиваат главните задачи како реформата на правосудството и борбата против корупцијата. Секако Унијата вели дека е постигнат напредок, но оти тој не е доволен.

Приказната за хрватскиот пат кон Европската Унија, според Палокај, има и регионална димензија. Или, како што вели, забавувањето на Хрватска може негативно да се одрази и врз целиот регион.

Фактот дека во Европската унија на проширувањето кон Западен Балкан гледаат како на стратегиска цел за долгорочна стабилност во регионот доведе до тоа на брзото членство на Хрватска да се гледа како на неопходна работа. Но, ако Хрватска толку се мачи на тој пат, тогаш и другите земји ќе мислат дека се предалеку.

Тоа, како што додава, ќе ги дестимулира реформите во тие држави. Затоа, според него, може да се очекува и јакнење на европскиот притисок врз Словенија да не ги користи пристапните преговори за решавање на своите билатерлни проблеми со Хрватска. Загреб се надева до крајот на годинава да има триесет и едно отворено, и десет затворени поглавија кои го водат до члентсвото во Европската унија.
XS
SM
MD
LG