Достапни линкови

Палермо: Масовна акција потив италијанската мафија


Италијанската полиција изутрината започнала масовна акција против Сицилијанската мафија, а досега биле уапсени околу 100 лица. Агенцијата АНСА јави дека околу илјада и 200 полицајци, со подршка на хеликоптери, во регионот на Палермо и во Тоскана, во централна Италија, ги апселе лидерите и членовите на мафијашките кланови. Полицијата соопшти дека осомничените имале намера да ја обноват Коза Ностра, озлогласената Сицилијанска мафија, која беше разбиена во 2006-та година.
XS
SM
MD
LG