Достапни линкови

logo-print

Скопје: Собранието усвои резолуција за приоритетите за пристапување во Европската Унија


Собранието синока , со 66 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, ја донесе Резолуцијата за приоритетите во 2009 година за пристапувањето на Македонија во Европската Унија. На седницата единстевна точка на дневниот ред беше Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава кој Брисел го обелодени минатиот месец. Според пратениците од владеачките партии извештајот ја отсликува реалната состојба во земјата, го нотира постигнатото, но укажува и на реформите што треба да се довршат. Нивните колеги од опозицијата, пак, генерално, го квалификуваа Извештајот како лош и за тоа ја обвинија Владата.
XS
SM
MD
LG