Достапни линкови

Нема опасност од дефлација


Во услови на глобална рецесија се погласни се предупредувањата дека дефлацијата наместо инфлацијата ќе стане глобален проблем за креирање политики, односно дека плаќањето на вкупната побарувачка, додека понудата се зголемува, значително ќе ја намалат инфлацијата. Ефектите од таа криза може различно да влијаат врз националните економии. Во Македонија се уште имаме состојба на умерен инфлација која до крајот на оваа година ќе изнесува од 5 до 5,5 проценти, прогнозира професорот Зоран Ивановски додавајќи дека со фискалната политика која ја води земјава, не може да стане збор за дефлација кај нас.
Мерките на централната банка и на фискалната политика се насочени кон запирање на стапката на инфлација, а динамичната фискална политика која ја води државата пеку големиот буџет претставува дополнителна побарувачка за целата економија, така што сметам дека на среден рок немаме ризик од дефлација во нашата држава
Дефлацијата е спротивно движење од инфлацијата, ги има парите во економијата, а таа се одразува врз недоволната побарувачка и потрошувачка и на тој начин се отвора рецесионо движење и гушење на економскиот развој на една национална економија.
Доколку бирате две зла, сепак умерената ифлација е подобра и може да го стимулира економскиот развој
И професорот Тихомир Јовановски вели дека дефлацијата задолжително води кон рецесија, бидејќи не се продаваат стоките и услугите или се продаваат по пониски цени за да не дојде до загуби. Од овие причини се отпуштаат и работници што дополнително води кон натамошна дефлација. Од овие причини дефлацијата е неколку пати потешка од состојбата на инфлација.
Оттаму, не треба долгорочно да се води рестриктивна макроекономска политика, посебно монетарната политика со цел да не се зголеми инфлацијата бидејќи стопанството задолжително оди во правец на рецесија која води до дефлација
Според професорот Јовановски последиците од дефлацијата заедно со рецесијата можат да се намалат со зголемување на побарувачката по пат на поблага кредитна политика и по пат на дополнителни инвестиции со цел да се зголеми побарувачката, а потоа и понудата. Според податоците на Заводот за статистика стапката на инфлацијата на годишно ниво кај нас опаѓа. Во првата половина од годинава имаше зголемување на стапката на инфлација која изнесуваше над 10 проценти.
XS
SM
MD
LG