Достапни линкови

Годишната стоковна размена ќе достигне една милијарда долари


Посетата на бугарскиот премиер на Скопје поминува во исклучително пријателски дух. И бугарскиот премиер Сергеј Станишев, како и македонскиот премиер Никола Груевски по заедничката средба го нагласија доброседстватото и пријателството како главни црти во македонско-бугарските односи потсетувајќи дека Бугарија е првата земја која призна независноста на Македонија. Бугарија ќе остане на тој курс и ќе биде главен поддржувач на земјава кон европските и кон евроатланстките интеграции, потенцираше гостинот од Бугарија.

Бугарија доследно ја поткрепува евроатланската интеграција на Република Македнија и во овој контекст добрососедските односи и нивната примена се од големо значење. Веројатно и во двете земји постојат медиуми и други политички сили кои бараат што не дели, а не што не поврзува. Значи, доаѓаме до прашањето за лидерство, за сигналите што треба да ги даваат институциите од двете земји. Се надевам дека добриот однос од страна на Бугарија ќе има и реципроцитет од другата страна

изјави Станишев.

На прашањето на бугарските новинари дали Македонија има план Б доколку не успеат нејзиното интегрирање во Алијансата поради македонско-грчкиот спор за името, премиерот Груевски одговори:

Ние и понатаму остануваме посветени на евроатланските интеграции. Се разбира, во меѓувреме силно сме фокусирани на зацврстување на државата на економски и политички план.

Бугарскиот премиер ја исклучи политичката заднина на нерегистрирањето на партијата на Македоците во Бугарија ОМО Илинден –Пирин.

Мојот впечаток е дека лидерите на оваа организација не сакаат да ја регистрираат организацијата и да ги исполнат закоснките норми, за да бидат во жижата на вниманието. Ако ги исполнат, после нема да бидат интересни. Проблемот воопшто не е политички. Владата не се меша и нема да се меша во судската одлука.

Двајцата премиери изразија амбиции македонско-бугарските односи да се продлабочуваат. Економската соработка до сега резултирала со 50 потпишани меѓусебни спогодби. По потпишувањето на денешната билатерална спогодба за економска соработка, се очекува размената да достигне една милијарда долари. Денесшното пуштање во употреба на далекуводот Дуброво-Црвена Могила двете страни сметаат ќе ги поттикне бугарските инвестиции во Македонија кои годинава изнесувале 36 милиони евра.
XS
SM
MD
LG