Достапни линкови

Анкара: Три лица загинаа во невремето во Анадолија


Три лица загинаа, а речиси 50 тина се повредени во судир на два камиона и четири автобуси во округот Кајсери, во централна Турција, јави Анадолија. Причини за несреќата се мразот и густата магла. Повеќето од патниците во автобусите се враќале по празнувањето на Курбан бајрам. На 11 декември локалните власти прогласија тревога, кога поради силните снежни врнежи над 400 села беа отсечени од светот. Како што забележува весникот Заман, источна Анадолија личи на Сибир. Во окрузите Ерзурум, Карс и Ерзинџан минатата ноќ температурите на воздухот опаднаа до 22 - 32 степени под нулата.
XS
SM
MD
LG