Достапни линкови

Авганистан може да смета на американска поддршка


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска од Ирак допатува во ненајавена посета Авганистану каде што го увери авганистанскиот председника Хамид Карзаи дека Соединетите Држави ке го подржуваат Авганистан и по доаѓањето на новата администрација во Белата Куќа на 20. јануари.

Му реков на Претседателот, дека можете да сметате на Соединетите Држави. Како што можевте на оваа така ке можете и на следната администрација. Во наш интерес е како и во интерес на Авганистан демократијата да се рашири. Во интерес на Америка е да нема безбедно место за луѓе кои сакаат да ги убиваат нашите граѓани.

изјави американскиот Претседател Џорџ Буш на прес конференцијата денеска во Кабул. Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи на истата прес конференција изјави.

Одлука на Авганистан е да продолжи нашата соработка со меѓународната заедница се додека не ги победиме тероризамот и екстремизмот како закана за нас, за нашите соседи и целиот свет.

Еден авганистански новинар го предизвика американскиот претседател со прашање дека Соединетите држави не успеале да донесат стабилност во Авганистан? Буш одговори.

Со почит, но не се согласувам со вас. Талибанците брутално се однесуваат со народот, но не се на власт. Ние имаме прогрес, но има уште многу работа. Никогаш не реков дека талибанците се елиминирани. Јас реков дека се симнати од власт.

Претседателскиот авион слета ноќеска во базата Баграм надвор од Кабул, а Буш веднаш по излегувањето влезе во големиот шатор каде со гласни поздрави го дочекаа стотици американските војници на кои тој им се заблагодари за нивната служба. Убеден сум дека ке успееме во Авганистан затоа што нашата намера е праведна, рече Буш изразувајки подршка на новата администрација на Барак Обама и нејзините намери да го зголеми бројот на војниците во Авганистан.

Јас сум од различна партија од ново избраниот претседател Барак Обама. Но јас сакам тој да успее.

Ова е втора посета на на Џорџ Буш на Авганистан од 2001 година кога американските и авганистанските сили го урнаа талибанскиот режим затоа што ги штитеше водачите на Ал Каеда кои ги организираа терористичките напади на 11 септември врз Соединетите Држави.

Во Авганистан се наоѓаат околу 65.000 странски војници, Од нив 32.000 се американци кои се борат против растечкото насилство на екстремистите. Американскиот Претседател Џорџ Буш исто така изјави и дека е важна соработката со Пакистан за да се изврши притисок врз екстремистите кои имаат засолништа долж авганистанско – пакистанската граница.
XS
SM
MD
LG