Достапни линкови

logo-print

Кабул: Проштална посета на претседателот Џорџ Буш


Американскиот претседател во заминување, Џорџ Буш синоќа допатува во ненајавена посета на Авганистан, само неколку недели пред да ја напушти претседателската функција.

Буш пристигна од Багдад во Кабул со цел да разговара со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и да се сретне со американските војници ангажирани во борбата против талибанците.

- Сакам да одам во Авганистан за да му се заблагодарам на претседателот Карзаи и да му порачам на авганистанскиот народ дека САД секогаш биле и ќе останат со нив, изјави Буш пред новинарите во авионот, непосредно пред слетувањето во воздухопловната база Баграм во близина на Кабул.

Американскиот претседател и ирачкиот премиер Нури ал-Малики вчера во Багдад потпишаа договор за безбедност, со кој се предвидува повлекувањето на американските војници од Ирак до крајот на 2011 година. Буш тајно допатува и во Багдад каде разговараше и со шефот на државата Џалал Талабани.
XS
SM
MD
LG