Достапни линкови

Пекинг: Кина лансира нов вселенски сателит


Кина успешно го лансира сателитот „Јоган-5“ во веселената за дистанционо снимање на Земјата, јавија денеска кинеските медиуми.

Сателитот бил лансиран од космодромот „Таијуан“ во северната кинеска провинција Шанси со помош на носачот на ракети „Чанжан-4Б“.

Тој ќе извршува различни задачи. Ќе ја набљудува еколошката состојба, ќе бара корисни наоѓалишта и ќе дава информации за градежништвото, земјоделството и шумските пожари.
XS
SM
MD
LG