Достапни линкови

Атина: Најавени големи протести пред седиштето на полицијата


Во Грција денеска, според најавите на Координативниот совет на учениците, продолжуваат протестите заради убиство на 16-годишното момче Алексис Григоропулос. Протести се најавени пред полициските станици низ земјата како и блокади врз централните патишта што водат кон Министерството за образование и Министерството за национална одбрана. Анархистите во меѓувреме го блокирале судот каде што се разгледуваат кривичните пријави за учеснците во безредијата во минативе денови. Грчките студенти, исто така, решија до петок да ги затворат факултетите и да протестираат заедно со учениците.
XS
SM
MD
LG