Достапни линкови

Исламабад: Индиски авиони го повредиле пакистанскиот воздушен простор


Пакистан соопшти дека индиски воени авиони синоќа влегле во пакистанскиот воздушен простор, но дека тоа било направено ненамерно и нема потреба за влошување на и онака затегнатите односи меѓу двете земји. Пакистан тврди дека имало два упада во нивниот воздушен простор, еден во областа на Кашмир, а друг во близина на градот Лахор. Портпаролот на индиското министерство за одбрана изјави дека нема информации за наводно влегување на индиски авиони во пакистанскиот воздушен простор.
XS
SM
MD
LG