Достапни линкови

Атина: Нападната полициска станица во центарот на градот


Десетици млади луѓе изминатата ноќ со молотови коктели нападнале полициска станица во централната атинска населба Егзархија, каде пред една недела полицаец уби 15-годишнио момче. По нападот следеле судири меѓу стотина маскирани лица и припадници на силите за редот, кои употребиле и солзавци со цел да ја растераат насобраната маса демностранти. По нападите избувнале пожари, ноннабрзо биле изгаснати. Во насилствата и протестите што избувнаа во Грција, според првичните проценки, предизвикана е материјална штета од околу 200 милиони евра, а се уапсени и над 400 лица.
XS
SM
MD
LG