Достапни линкови

Кабул: Убиени најмалку тројца авганистански полицајци


Најмалку тројца авганистански полицајци биле убиени во градот Кандахар во екслозија на бомба. Неколкумина биле повредени. Агенциите јавуваат дека зад нападот стојат Талибанските бунтовници. Претходно Канада соопшти дека тројца канадски војници биле убиени во експлозија на бомба во провинцијата Кандахар. Со тоа бројот на канадски војници кои загинале во Авганистан порасна на 103.
XS
SM
MD
LG