Достапни линкови

Исламабад: Гордон Браун во Индија и Пакистан


Британскиот премиер Гордон Браун пристигна во Пакистан на разговори со претседателот Асиф Али Задари околу безбедноста во регионот. По состанокот Браун изјави дека неговата земја ќе му даде на Пакистан милиони долари за создавање на технологија која ќе го спречи тероризмот. Претходно Браун престојуваше во Индија каде што во разговорите со индискиот колега Манмохан Синг, Браун ги поддржал обвинувањата на Индија дека зад терористичките напади во Мумбаи стои групата Лашкар Е Таиба која има своја база во Пакистан. Токму тие напади ги зголемија тензиите меѓу Инидија и Пакистан. Во меѓувреме индискиот премиер изјави дека сака да ги нормализира односите со Пакистан, но тоа не може да се направи ако Пакистан дозволува неговата територија да се користи во нападите против Индија.
XS
SM
MD
LG