Достапни линкови

Рим: Избегната голема поплава


Престолнината на Италија избегна голема поплава, откако нивото на реката Тибар вчера достигна рекордни 12,55 метри, што не е забележано во изминатите неколку децении.

Централниот дел на градот беше спасен од прелевање на реката од високите крајбрежни ѕидови. На службите за противпожарна и цивилна заштита не им беше наложено да ги употребат подготвените вреќи песок.

Во Рим се уште во сила е вонредната состојба прогласена вчера, поради излевање на Тибар.

Најмалку четири лица, меѓу кои и едно дете, го изгубија животот во поплавите по неколкудневните обилни врнежи дожд кои ја погодија земјата.
XS
SM
MD
LG