Достапни линкови

logo-print

Осло: Шест лица загинаа во пожар во станбена зграда


Најмалку шест лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што изутрината избувна во една станбена зграда во Осло.
Како што соопшти норвешката полиција, причините поради кои избувнал пожарот во петкатната зграда засега не се познати.
Гаснењето на пожарот траело повеќе од два часа, а преостаните 30 станари биле евакуирани.
XS
SM
MD
LG