Достапни линкови

Атина: Земјотрес во централна Грција


Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Грција, соопшти Институтот за геодинамика во Атина.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во реонот на Амфиклија на десет километри југоисточно од градот Ламија, Централна Грција.

Потресот бил почувствуван и во соседните области, а исто така и во околината на Атина.

Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.
XS
SM
MD
LG