Достапни линкови

Најстрого чувана тајна


Законот за пристап до информации од Јавен карактер предвидува дека на усното барање имателите на информации треба да одговорат веднаш или најдоцна за десет дена, а на писменото барање најдоцна за 40 дена. Неколку стотици денови пак поминаа одкога новинарите усно или писмено почнаа да ја прашуват владата колку има поторшено досега за кампањите или пак за конкретни реклами. Во изминативе две години одкога гарнитура предводена од ВМРО ДПМНЕ е на власт прашањето за парите кои се дадени за изработката и закуп на медимски простор е една од најчуваните тајни. Вообичаениот одговор кој стигнува од преставниците на власта е дека користа ке биде поголема одколку потрошеното. Колку владата потроши во годинава што изминува за рекламни кампањи го прашавме и минситерот за финасии Трајко Славески.

Имате ли конкретна бројка?
Не, затоа што средствата се голем број инстиитуции и некои се во тек – со деловни договори со определени медиумски куќи коишто се договараат однапред со одредени попусти итн и јас навистина во моментот не располагам со таква бројка. Но, грото од средствата што се трошат се сепак за рекламирање и промовирање на Република Македонија и нејзините политики во меѓународните медиуми

Колку владата им плака на медиумите за реклами е тешко да се дознае токму поради попустите кои ги спомена и министерот Славески. На интернет страниците на телевизите нема информација колку чини рекламниот простор но неофицијално една секунда во ударен термин без попуст на нациналните телевизии се движи од 50 евра па нагоре. Весниците се потранспартни. Според официјалните ценовници од 300 до 800 евра зависно од страницата на која ке се објавува и големината чини еден ден рекламирање во боја.
Но во недостиг на официјални информации од владините преставници поранешниот минситер за финансии и долгогодишен член на невладиниот антикорупциски сектор Џевдет Хајредини проценува дека медумите земаат како што вели многу пари за емитувањето на владините кампањи

Цела таа прикаска е чиста корупција затоа што на тој начин се корумпираат медиумите во Македонија, односно се придобиваат за поддршка на актуелната влада, затоа што тие ги наплатуваат тие реклами многу скапо и на тој начин владата пренесува огромни пари кај одделни телевизиски и други информативни куќи, а за возврат добива голема реклама

Најмалку 20 милиони евра годишно тоа е сумата која според опозцините социјалдемократите ја троши владата за рекламирање во домашните и странските медиуми. Претсдеателот на партијата Зоран Заев вели дека потрошените пари останува тајна поради неколку причини.

Владата не соопштува јавно за колку пари се работи заради тоа што овие пари ги троши спротивно на законот за јавни набавки. Второ, се работи за огромни суми народни пари за коишто ниту еден свесен граѓанин не може да даде согласност за огромните средства што се трошат за рекламирање на некакви политички намери од страна на владата. И мислам дека и пккрај тоа што ова не се прави во согласност со законот, се празнат ставки од ресорните министерства и дел од ставките на владата коишто многу често не се соодветни за таа намена

Граганите треба да знаат колку пари досега потрошила владата која мора да биде транспарентна и тоа да го соопши вели Хајредини

Меѓутоа, јас кога го давам примерот дека премиерот пред парламентот одбива да одговори колку пари троши за таа намена и колку македонските граѓани ги чини неговиот рејтинг и рејтингот на неговата партија, јасно е дека цво тој однос се работи за крајно неодговорно однесување кога и самиот министер за финансии на прашањето колку се троши вели дека нема увид за трошењата на владата иако со закон е надлежен да ги контролира сите буџетски корисници вклучувајќи ја тука и владата, и кабинетот на претседателот и сите други

Поради нетранспарентноста во процедурите за изработка на рекламите, тој се сомнева и во можноста за корупција на владините функционери

Дел од тие пари можат да се вратат преку тие маркетиншки куќи во џеповите на надлежните функционери, а тоа не може нигде да се види.

И додека експертите и опозицијата калкуираат со различни суми на потрошени пари министерот Славески вели дека најголем дел од нив се дадени за промовирањето на земјава во странските медиуми. Не отркива колку точно но признава- многу

Тие се навистина многу скапи, но и многу корисни, затоа што на пример Фајнејшл тајмс е повеќе години весник на годината и знаеме кој го чита Фајнејшел тајмс. Економист. Погледнете ја претпоследната страница од внатрешноста на онаа публикација Светот во 2009 година што ја издава Економист.Тука е Република Македонија, нешто што никогаш не било случај.Сметаме дека таргетната публика што ги чита тие публикации е онаа којашто одлучува за развојот или на компаниите или пак доколку се работи за дипломати или политичари, за нивниот однос кон една земја

Залудно е трошењето на владата на реклами во странство смета опозицинерот Заев според кој кампањите досега немале никаков ефект. Уште од почетокот сметавме дека тоа не вистинскиот начин а времето го оправда таквиот став вели Заев

Оваа влада не само што не привлече странски инвеститори, ги дестимулира сите домашни потенцијални инвеститори да инвестираат внатре во земјата. Со водењето на политика на страв и трепет, дефинитивно ги одвраќа сите евентуални намери и кај домашните инвеститори, а да не зборуваме за странските инвеститори

И Хајредини со сличен мислење.Иако премиерот во неколку наврати на прашањето за трошењето на реклами одговараше со тоа дека користа ке биде поголема отколку парите кои се дадени Хајредини посочува дека тој досега не обелоденил ниту колкава е користа

Тие скапи пари за кампањи што ги плаќаше владата за реклама на бизнис климата во Македонија се многу големи, затоа што на пример рекламирањето во светски познатите списанија Економист или Фајнешел тајмс чинат многу и ние од тоа немаме никаква корист

Лани во јануари Владата во обид да привлече странски иневстиции почна со кампања во која ги промовираше можностите на земјава во 50 најтиражни весници од 35 земји во светот. Таа траеше околу два месеца а уште тогаш премиерот трвдеше дека се чуствуваат нејзините ефекти бидејки секојдневно до Владата преку електронска пошта стигнувале неколку десетици пораки од странски инвеститори. За неполн месец пак ке се навршат две години од почетокот на кампањата а јавноста сеуште не знае кој странски инветситори се дојдени во земјва поради таа кампања за која исто така не се знае колку точно пари се дадени од државниот буџет.

Ова се дел од пораките пак кои владата преку телевизските спотови ги испрака до македонските грагани. Во недостиг на информации за ефектите кои ги постигнале и дома професорот по комуникации и медиуми Живко Андерсвки анализира дека капмањите се еден начините за комуникација со јавноста кога изворите на инфомации се затворени а владата е некомуникативна со медумите како што е случајот со оваа гарнитура

Нагласено кампањско и пропагандно водење на активностите чијашто цел е речиси спорна, ама резултатите се такви што многу повеќе се создава впечаток дека информациите зрачат, дека течат во јавноста, а вистински податоци во смисла на факти и анализи, согледувања, проекции, можности и планови, не се најзастапени или не се најсоодветно застапени. Така што накусо мислам дека сегашната практика можеби не е најдобра, ама пак во некоја смисла е подобра отколку тотално затворање, барем на некој начин се обезбедува врска со јавноста која ќе биде потсетена, можеби не најсоодветно, но ќе биде потсетена на можностите на Републиката, на деловите на општеството и слично

Многу е тешко вели професорот да се утвди каква е повратна реакција на граганите но и на странската јавност на кампањите кои ги спроведува владата.

Секоја влада се разбира дека сака да се претстави позитивно, најмногу пред гласачите или пред вкупната јавност во државата. Јас мислам дека владата ги активира интересирањата на граѓаните, ама не нуди доволно можности да ја измери реакцијата, мерката и што од тоа владата може да искористи како полза од пропагандните кампањи што ги води

И не само што и оваа година изминува беа информација за потрошените пари за рекламирање а анлитичарите тешко може да го оценат и ефектот туку и во предлог буџетот за 2009 година нема прецизни податоци колку пари Владата планира да потроши на кампањи. Минситерот Славески само потрди дека сите пари што се трошат се предвидени во буџетот и во неговите ребаланси.
XS
SM
MD
LG