Достапни линкови

Страв од поголеми јазови и делби


Пред една недела новиот македонски преговарач во спорот со името Зоран Јолевски се сретна со медијаторот Метју Нимиц но досега нема најава за нови средби или за придвижување на преговорите. Премиерот Груевски вчера во Брисел пак изјави дека знае оти што и да направи Македонија на крајот ке мора да се реши проблемот со Грција и дека остануваат посветени во процесот на преговорите за името

Преговорите не се ниту прекинати, ниту завршени, ние остануваме во преговорите барајќи решение

По оваа изјава во која што премиерот не открива детали што конкретно се случува во процесот денеска инфиормации не даваат ниту од владата. Претседателот Црвенсковски пак деновиве изрзи сомнеж дека дека е можно да дојде до интензивирање на преговорите. Не само домашнта јавност туку и светот веке знае дека реално во процесот кој се води под покровителство на Обедините Нации ништо не се случува вели и аналитичарот Гунер Исмаил.

Светот којшто не гледа сосема прецизно се искажа од Штабот на Даниел Фрид и од Штабот на самата Кондолиза Рајс дека оваа работа со преговорите ќе трае уште многу долго

Атмосефрата во Македонија не дозволува да се дојде до никакво решение со Грција и поради тоа ништо и не се случува во преговорите смета аналитичарот Хисен Рамадани според кој дури и оние кои ја критикуваат актуалната влада дека не е за компромис не се подготовени на таков чекор

Што се однесува до Владата, сосема е јасно дека претседателот на Владата не може да чепне ниту еден збор или додавка во ништо и не е подготвен да прифати никаква измена

Порценките дека долго ке трае овој спор не одат во корсит на Македонија. Тезата дека времето работи за нас беше релеванта до самитот на НАТО во Букурешт а сега состојбата е сосема поинаква смета Исмаил.

Во контекст на ова што на Косово се случува или некој прогнозира дека ќе се случува, сите очекуваат, вклучително и инволвираните, дека можеби од нас држава и нема да биде

И Рамадани како можен ефект од одолговлекувањето на спорот а со тоа и на интегрирањето ја посочува можноста од мегутенички проблеми во земјава. Бидејки Македонија е послабата страна во овој спор времето книжи загуби на нашата фактура - смета Рамадани

Ќе настанат и поголеми и подлабоки промени и внатре во политичкиот естаблишмент во едниот и другиот блок, и на линија на етничка основа ќе има ќе настанат уште поголеми јазови. А тие не се мали, тие се многу големи
XS
SM
MD
LG