Достапни линкови

Се поблиску до договор за економски стимулативен пакет и за климатските промени


Европски лидери на самитот во Брисел се блиску до договор за економски стимулативен пакет од 200 милијарди евра, , како и за мерките за борба против климатските промени. Приклучувањето на Балканот во Европската Унија напредува, но бавно, се вели во документот насловен ,,Да се гарантира безбедноста во светот кој се менува,, подготвен од високиот преставник на Унијата Хавиер Солана.

Европскиот економски стимулативен пакет ке изнесува 200 милијарди евра или 1,5 насто од Бруто домашниот производ на Европската Унија што, според новинските агенции, е на долната граница на очекувањата. Германскиот канцелар Ангела Меркел зборуваше за очекувањата.

Како Европа ке реагира на финансиската криза. Германија го подржува ставот на Европската Комисија за издвојување на 1,5 насто од европскиот Бруто домашен производ како стимулативен пакет за засилување на економијата на Европската Унија.

Во врска со борбата против климатските промени во финалниот компромис предложен од актуелниот преседавач Франција се наведува дека до 2020 та година ке треба да се скратат емисииите на таканречените зелени гасови за 20 насто односно на нивото од 1990 година. Британскиопт секертар за надворешни работи Дејвид Милибанд.

Јас верувам дека е многу важно дека Европската Унија испраќа многу силен сигнал, не само до конференцијата во Познан за климатските промени, туку и до самитот во Копенхаген на крајот на следната година кога ке се одлучува за наследникот на Протоколот од Кјото.

На овој план се гледа со мниогу скептицизам во условите на економската криза и губењето работни места. Европската Унија како што се наведува ќе им помогне на источно европските земји за спороведување на политиката за справување со климатските промени. Во врска со Ирска со Лисабонскиот договор – реформите на Унијата, се наведува дека Ирска единствената земја која го отфрли повторно ке одржи референдум за него. Чешка пак е се уште единствена земја која за него не се има изјаснето. Придружувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија постојано напредува, иако бавно, пишува во документот што за овој состанок на шефовите на држави и влади на Европската Унија во Брисел го подготвил високиот претставник на Унијата Хавиер Солана. Документот е насловен ,, Да се гарантира безбедноста во светот кој се менува“ и во него се наведува дека приемот на нови членки и натаму претставува моќна движечка сила за стабилност, мир и реформи. Натаму во документот пишува дека со Турција почнаа преговори за полноправно членство во 2005, со Хрватска преговорите за членство напредуваат со добро темпо, а Македонија има статус на кандидат за земја членка на Европската Унија. Со другите земји од Балканот Унијата има потпишани договори за стабилизација и асоцијација. Солана наведува дека Србија е блиску до исполнување на условите за поблиска соработка, дека Унијата ке продолжи да му помага на Косово при што се истакнува разместувањето на мисијата ЕУЛЕКС. И на крај се заклучува дека добро соседската соработка е нужна на Балканот.
XS
SM
MD
LG