Достапни линкови

Брисел: Приемот на нови членки останува движечка сила на ЕУ


Придружувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија постојано напредува, иако бавно, стои во документот што ќе биде усвоен денеска во Брисел на завршувањето од дводневниот состанок на шефовите на држави и влади на Европската Унија. Документот под наслов „Да се гарантира безбедноста во светот кој се менува“ го подготвил високиот претставник на Унијата Хавиер Солана и во него се нагласува дека приемот на нови членки и натаму претставува моќна движечка сила за стабилност, мир и реформи.
XS
SM
MD
LG