Достапни линкови

Граѓаните не очекуваат позитивни ефекти


Груевски во Брисел, Црвенковски во Будимпешта, Коњановски во Америка, Вељановски во Велика Британија, домашните политичари деновиве не се дома. Од панично однесување до лобирање за земјата во однос на проблемот со името со Грција тоа се оценките на експертите за оваа засилена агенда на посети во странство на македонскиот државно владин врв. Иако претсваниците на Евроспката Унија веке отворено зборуваат дека решавањето на проблемот со името е услов и за интегрирањето поранешниот дипломат Ристо Никовски вели - никогаш не е доцна за лобирање

Зависи од нивниот капацитет – како ќе ги претстават нивните аргументи, со кој авторитет ќе го направат тоа и ќе успеат да ги убедат своите соговорници дека Македонија е во паво и треба да се поддржи“

Не се работи за лобирање туку за панична рекација на домашниот државно владин врв кој сеуште ја нема сватено суштина на проблемот со името смета аналитичарот Ризван Сулејмани

Треба да се сфати дека Европска Унија е е комбинатор што тој проблем ќе го стави внатре“

И додека Сулејмани се сомнева во капацитетите на домашните политичари граганите сомничаво гледаат и на нивната искренсост во напорите за решавање на проблемот

Не, јас не верувам во нив. Тие настојуваат само толку колку да го залажат народот
Политичарите работат од ден за ден за нив лично и за нивни пропагандни рејтинзи и слично. Не верувам, инаку ако тие гледаат за името и за државата, ќе беше подруго. Гледате дека државата ни е гладна

Гладта која ја спомена средновечниот скопјанец почнува да станува се поголема закана за македонските грагани и поради ефектите од светската финаснсиска криза која почна да се чувтсвува и кај нас. И покрај владини мерки за справување тој очекува полоши денови

Првин почнаа да раскажуваат прикаски дека кризата нас ќе не заобиколи, а таа е дојдена, таа чука на вратите, влезе во собите, во секој стан дојде. Се намалија платите, се зголемија цените и ќе биде уште потешко

Откако владата свати дека кризата нема да ја заобиколи владата економистот Душан Вељковик пак верува во искреноста на нејзините напори да ги намали последиците.

Тие мерки посматрани поединечно се в ред и можат да дадат одреден придонес . Прашање е дали се точни проценките за интензитетот на негативните влијание кои сигурно ќе се прелеат во нашето стопанство
XS
SM
MD
LG