Достапни линкови

logo-print

Скопје: Премиерот Груевски во Брисел


Премиерот Никола Груевски денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија кој се одржува во Брисел во пресрет на состаноците на Европскиот Совет. На самитот ке присутвуваат и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот парламент, Ханс Герт Потеринг и голем број европски лидери, меѓу кои, претседателите на Франција, на Германија и на Италија Саркози, Меркел и Берлускони. Груевски како што соопштија од владиниот кабинет ќе ја искористи можноста да ги запонае своите колеги со напредокот на Македонија во реформите и мерките кои Владата ги презема за подобрување на животот на граѓаните и за интегрирање во Европската унија, како и за процесот за ослободување од визното ограничување.
XS
SM
MD
LG