Достапни линкови

Лондон: Повеќето британски војници до јуни ќе бидат повлечени од Ирак


Британските медиуми јавија дека повеќето од британските војници во Ирак ќе бидат повлечени до јуни, наредната година. Цитирајки претставник на британското министерство за одбрана, во информацијата се вели дека премиерот Гордон Браун наскоро ќе го потврдел распоредот на повлекување, кое би требало да започне во март. Портпарол на министерството за одбрана потврди дека Велика Британија во наредната година ќе почне да ги повлекува своите војници од Ирак, поради подобрената безбедност во таа земја.
XS
SM
MD
LG