Достапни линкови

Њујорк: Јакнење на улогата на ОН во борбата потив глобалниот тероризам


Соединетите Држави изразуваат готовност за зајакнување на улогата на Обединетите Нации во борбата против глобалниот тероризам, изјави американскиот амбасадор во Светската Организација, Залмај Кализад. На специјалната сесија на Советот за безбедност за меѓународниот тероризам, генералниот секретар Бан Ки Мун оцени дека Обединетите Нации треба да имаат централна улога во борбата против тероризмот. Со таквиот став се согласи и рускиот амбасадор Виталиј Чуркин.
XS
SM
MD
LG