Достапни линкови

Недоволен напредок, наспроти забелешките


Во последниве десетина години Македонија бележи напредок во поглед на почитувањето на човековите права иако сеуште постојат голем број области во кои не е направено никакво унапредување и покрај постојаните забелешки од меѓународните институции. Со ваквото однесување Македонија ја заработи опомената од страна на Советот на Европа која се однесува на условите во затворите. Ова е воедно и најчесто апострофираната сфера во која се кршат човековите права во земјава исто колку што тоа сеуште се прави и преку како што посочуваат експертите полициската бруталност.

„И годинава ги имаме истите забелешки како и лани и ништо не се менува. Истата стара песна: пренатрупани, со влоѓени услови за живот, често се мешаат малолетници со полнолетни лица. Минимумот стндарди што се предвидени во светската педологија за издржување на казни не се почитуваат. Истото важи и за полициската бруталност“

oбјаснува Сашко Дуковски од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Социјално-економските права, нееднаквото право на социјална помош, нееднаквата достапнопст на образованието, долгото траење на судските постапки од кои еден дел завршуваат во Стразбур би биле сферите кои македонија ја оддалечуваат од земјите со развиена демократија.
Потсетувајќи на забелешките содржани во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија евроамбасадорот Ерван Фуере по повод одбележувањето меѓународниот ден на човековите права денеска повторно ги потенцираше чувствителните области на кои власта треба да посвети особено внимание .

„Тоа се правата на малцинствата како што е ромската заедница, постојат сеуште големи проблеми во имплементирањето на препораките од советот на Европа како и на препораките од комисијата за превенција од торура“

рече Фуере.

Во годинешната порака на хелсиншкиот комитет за човекови права на република македонија се посочува на потребата од напредок во делот на владеењето на правото , вистинска реформа на правосудниот систем, ккао и начинот на кој се спроведуваат изборите и се спроведува законодавството за борба против корупцијата. Во неа исто така се посочува на тоа дека во собранието сеуште не се ратификувани и некои значајни меѓународни документи во области во кои покажуваме евидентни слабости како што е факултативниот протокол кон Конвенцијата за борба против трговијата со луѓе на Советот на Европа од 2005 год.
XS
SM
MD
LG