Достапни линкови

Скопје: Бучковски осуден на 3,5 години затвор за случајот „Делови за армиски тенкови“


Основниот суд Скопје 1 го прогласи за виновен експремиерот и поранешен министер за одбрана Владо Бучковски за злоупотреба на својата положба и функција за случајот „Делови за армиски тенкови“ и му одреди казна затвор од 3,5 години.

Бучковски се товари дека со злоупотреба на својата положба и функција набавил енормни количини резервни делови за тенковите Т-55 во текот на 2001 година и со тоа го оштетил Буџетот за околу 2,5 милиони евра.

Покрај Бучковски, казна затвор од 3,5 години доби и поранешниот началник на ГШ на АРМ генералот Методиј Стамболиски, а по три години затвор и советникот во МО Ацо Ѓурчевски, раководителот на Секторот за логистика Нелко Менковски и директорот на МЗТ-ФОП Митре Петковски.

Бучковски, по објавувањето на пресудата, одлуката на Судот ја оцени како скандалозна.
XS
SM
MD
LG