Достапни линкови

Најтешко ќе се исполни условот за добрососедски односи


Добрососедски односи - овој услов кој вчера пред крајот на француското претсдателство со Евроспката Унија го испорача Брисел на Македонија ке и биде најтешко да го исполни - проценуваат домашните експерти кои во него го препознаат проблемот со името со Грција. Другите два, политичкиот дијалог и одржувањето на фер и мирни мартовски избори според професорот Димитар Мирчев веке во континуитет се исполнуваат. Дијалогот е подобрен а по предвремените избори сите политички фактори и државни институции се свесни дека треба да посветат поголемо внимание вели Мирчев. Условот добрососедки односи пак според него е најтежок за Македонија

„Бидејќи грчката страна во секоја ситуација може да каже дека ние ги расипуваме добрососедските односи, а ние сме немоќни да го докажеме спротивното“

Во исполнувањето на критеруим добрососедки односи не треба да се очекуваат проблеми само со Грција туку и со Бугарија смета аналитичарот Махи Несими

„Се почесто и Бугарија покренува некои работи кои не допринесуваат за добрососедските односи.Знаќи, условот добрососедски односи ќе биде малку потежок од другите два“

И додека властите во Софија повремено пракаат пораки дека Македонија мора да има добороседки односи политичките пораки речиси секојдневно се испраакта на релација Скопје - Атина. Тие најчесто се сведени на обвинувања која страна не е констриктивна и нема воља за решавање на спорот со името. Премиерот Грувески и вчера кусо порача дека Грција е не сака копромис. Според Мирчев во Македонија има воља за решавање на спорот

„Бидејќи нашата позиција и влезот во Унијата и во НАТО зависат токму од решавањето на тој спор.Според тоа, волјата е на наша страна, а не на грчката“

Несими пак смета дека од ваквите изјави на грчките и на македонксите власти не може да се заклучи дека реално нема воља за решение. Таа се гледа во повеке елемнти вели тој и додава дека обвинувањата од двере страни се само политички пораки

„Ми се чини дека проблемите се усложнети така што сега секој го обвинува го обвинува другиот. Не би рекол дека кај Грција нема, а исто така не би рекол дека и кај Македонија нема добра волја“.
XS
SM
MD
LG