Достапни линкови

Грција пред вонредна состојба


Во Атина денеска ќе биде погребано момчето кое беше убиено од полицаец, што според оценките на светските агенции, би можело да предизвика нови безредија во Грција, која е зафатена со тридневни протести поради убиството на момчето. Во синоќешните нереди гореа 10 тина грчки градови. Уништувањата се огромни а десетици лица се повредни во судирите со полицијата. Грчкиот премиер Костас Караманлис се среќава со лидерите на најголемите грчки партии.

Илјадници демонстранти во немирите во кои се запалени и ограбени повеќе продавници во центарот на Атина, се судрија со полицијата, при што над 50 лица се повредени, а околу 150 се приведени. Во текот на минатата ноќ демонстрантите меѓу кои доминира лево ориентираната младина го завзедоа централниот дел на Атина и ја запалија и божиќната елка. Над 130 продавници се целосно уништени само во
Атина, каде што се распрснаа надежите на трговците дека ке ги надоместат загубите предизвикани од економската криза. Следат изјави на двајца сопственици на дуќани во Атина.

Многу сум тажна. Немам зборови. Кој е виновен? Не знам но тоа е добро прашање.


Мене ми личи дека во Грција некој треба да ја заштити полицијата. Тие се криеја. Полицајците се криеја.

Министерот за внатрешни работи Прокопис Павлопулос изјави дека безредијата се неприфатливи и оти владата нема да ги толерира. Владата демантира дека планира воведување вонредна состојба изјави премиерот Костас Караманлис


Сите ние сме одговорни, пред се владата, но исто така и политичките партии, младите луѓе, и другите авторитети во општеството. За несереќа екстремните елементи го искористија овој несреќен инцидент за нивни сопствени цели. Нивните акции покажуваат дека нивната цел не е ништо друго освен насилство.

Аутопсијата врз телото на загинатото 15 годишно момче, чија смрт предизвика бран насилство на Атина и во други грчки градови, не успеа да утврди дали смртта настапила поради намерно стрелање кон него или пак од заскитан куршум, изјави синоќа судскиот лекар Христос Левкидис. На аутопсијата, која ја извршуваше Левкидис, присуствуваше и експерт, кој ги застапува интересите на семејството на момчето. Андреас Григоропулос загина во саботата.Тој бил меѓу групата од 30 до 50 млади лица, кои почнале да фрлаат камења кон полициско возило. Според полицијата, момчето загинало од заскитан куршум што бил истрелан од полицајците, а според очевидци, пак, полицаецот ладнокрвно го убил тинејџерот.
XS
SM
MD
LG