Достапни линкови

Приштина: Започна распоредувањето на припадниците на Еулекс


Припадниците на мисијата ЕУЛЕКС изутрината влегоа во зградата на Општинскиот и Окружниот суд во Косовска Митровица, а на премините Брњак и Јариње пристигнаа припадници на пограничната полиција на мисијата на Европската Унија. Шефот на ЕУЛЕКС, генералот Ив де Кермабон изјави дека мисијата се распоредува за да се подобри владеењето на правото за сите кои живеат на Косово. Според портпаролот на ЕУЛЕКС Виктор Ројтер, припадниците на ЕУЛЕКС кои денеска се распоредуваат на северот на Косово, се специјалните полициски единици.
XS
SM
MD
LG