Достапни линкови

Приштина: Стартува мисијата Еулекс


Шефот на ЕУЛЕКС Ив де Кермабон изјави денеска дека мисијата започнала да се распоредува на целата територија на Косово, преземајќи ја од УНМИК одговорноста во областа на полицијата, правосудството и царината.

По средбата со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, на која присуствуваа премиерот на Косово Хашим Тачи и специјалниот претставник на ЕУ за Косово Питер Фејт, Кермабон изјави дека мисијата, која тој ја раководи, без проблеми започнала да се распоредува во северниот дел на Косово.

Од 8 часот утринава околу 1.400 претставници на мисијата беа распоредени на целата територија на Косово, вклучувајќи над 500 локални службеници на мисијата, изјави Де Кермабон.
XS
SM
MD
LG