Достапни линкови

Од утре Еулекс на целата територија на Косово


ЕУЛЕКС од утре операционално ќе биде присутен на целата територија на Косово, но со почетни, ограничени капацитети. Припадниците на УНМИК од европските држави нема да го напуштат Косово, туку само ќе ги променат униформите и ќе станат дел од ЕУЛЕКС. Тоа ќе важи и за судиите и за цариниците.

Во моментот на Косово има две илјади полицајци на УНМИК и многумина од нив се од земјите на Европската унија, вели портпаролот на УНМИК Александар Иванко, додавајќи дека токму од нив ќе биде и составен почетниот број на припадниците на новата мисија.

Ние имаме различни мандати, но кога ќе почне воспоставувањето на ЕУЛЕКС на целата територија на Косово ние ќе почнеме да го намалуваме бројот на нашите луѓе. Од деветти декември на Косово нема да постои полицијата на УНМИК.

Вели Иванко. И портпаролот на ЕУЛЕКС Карин Лимдал потврдува дека новата мисија најпрвин ќе почнат ја остваруваат околу илјада и триста припадници. Но, како што додава, се очекува до крајот на зимата мисијата да го достигне бројот од предвидените илјада и деветстотини припадници.


Ние ќе бидеме присутни насекаде каде што е планирано, значи во сите окружни судови, во Врховниот суд и во триесет и пет полициски станици на цело Косово. Тоа подразбира дека својата работа ќе можат да ја почнат и мобилните царински патроли.

Портапролот Лимдал наведува дека противењето на србите на северот на Косово на мисијата на ЕУЛЕКС доаѓа поради тоа што тие не биле доволно информирани за нејзиниот мандат:

Тоа произлегува од фактот дека луѓето не се до крај информирани што ЕУЛЕКС ќе работи на Косово и оти сите, вклучувајќи ги и србите на северот ќе имаат полза од оваа мисија. Тоа е повеќе прашање на комуникација и колку што сфативме Белград има позитивен пристап кон нашето воспоставување.

Распоредувањето на ЕУЛЕКС што беше одобрено од Советот за безбедност на Обединетите нации и за Белград и за Приштина претствува своевиден триумф. И додека властите во Белград оценуваат дека ЕУЛЕКС се воспоставува врз основа на условите што тие ги поставиле, официјална Приштина тврди дека тоа се прави врз основа на планот на меѓународниот посредник Марти Ахтисари.
XS
SM
MD
LG