Достапни линкови

logo-print

Можен ли е достоинствен влез во НАТО и ЕУ?


Достоинствен влез на Македонија во НАТО, цел која неодамна ја повтори и министерот за надворешни Антонио Милошоски според дел од домашните експерти беше повозможна за остварување пред априлскиот самит на алијансата во Букурешт. Позицијата на Грција сега е посилна а тоа се гледа и во фактот што Атина успеа решението на спорот со името да го постави како еден од улсовите за влез во НАТО а се повеке ке станува услов и за интегрирање во евроспката унијата смета професорот по мегународно право Денко Малески. Ваквата мегунардна поставеност вели професорот ја ослабува и македонската позиција во процесот на преговорите за името.

„Сега сме скоро под еден ултиматум, а тоа е дека нема влез во НАТО без решение на проблемот и верувам дека тоа се одразува врз нашата позиција и дека сега навистина сме во понезавидна положба“

Златна беше шансата пред априлскискиот самит на НАТО да го решиме спорот со името со Грција но тој момент го пропуштиме смета универзитетскиот професор Мерсел Биљаљи. Тогаш додава тој и сите земји членки вршеа притисок врз Грција да се најде решение а сега сотојбата е поинаква. И додека на Атина не и се брза да го затвори спорот Македонија пропага во изолација што ја прави нејзината позиција уште послаба смета Биљаљи

„Грците успеале да ги убедат другите дека тие не се главните виновници, дека другата страна докрај оди неконструктивно и тоа веќе постои како убедување“

Хипотетичко е прашањето дали државно владниот врв не ја процени ситуацијата навреме одговара Биљаљи на прашањето дали претседателот и премирот не предвидоа дека по самитот состојбата за Македонија ке бидат полоша

„Повеќе луѓе, дури од Запад, мислат дека на оваа власт не и е толку до НАТО и Европската Унија и можеби има друга опција“

Пред Букурешт кратко беше времето за постигнување на добро осмислен компромис со Грција смета професорот Малески според кој за тоа е неопходна согласност на сите политички сили дома и сериозна посветеност во брањето на достоинстесвен комромис.

„Ќе беше многу лошо ако наврат-нанос го решевме спорот, на пример, кога стануваше збор за прашања на денови или недели пред самитот, оти правењето компромис околу името, кои можат да имат последици врз идентитетот не смее да биде неосмислено“

Аналитичирате не прогнозираат кога и како Македонија може да дојде до посакуваниот доствоинствениот комромис. Ако се очекува Грција ке се откаже од своите барања можат да поминат уште дваесет години за да се реши спорот крактко коментира Биљаљи. Во мегувреме по подолга пауза процесот за преговорите за името оживеа преку средбата на новиот македонски преговарач Зоран Јолевски со медијаторот Метју Нимиц.Конкретни најави за нова средба со двете страни засега нема.
XS
SM
MD
LG