Достапни линкови

logo-print

Пустец: Македонски фолклорен фестивал


Во организација на „Друштво Преспа“ и општина Пустец денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, Република Албанија, ќе се одржи петтиот Македонски фолклорен фестивал „Преспа 2008“.

На фестивалот ќе учествуваат пет фолклорни групи од Мала Преспа, по една од Врбник, Гора и Голо Брдо, како и од Македонија. Како и во минатите фестивалски изданија, се очекува присуство на голем број Македонци кои живеат во Албанија и во Македонија.
XS
SM
MD
LG