Достапни линкови

Њу Делхи: Закана од терористички напади во Гоа


Властите во индиската држава Гоа се сериозно загрижени од можноста популарната туристичка дестинација да стане цел на терористички напади на Ал Каеда.

Во соопштение се наведува дека „Гоа се соочува со сериозна закана од страна на терористи и има податоци за тоа дека Ал Каеда е подготвена да нападне објекти на територијата на државата“.

Предупредувањњето беше упатено преку официјална коресподенција до кабинетите на министрите на државата. Постоењето таква опасност се признава за првпат.
XS
SM
MD
LG