Достапни линкови

Атина: Протести поради убиството на 15-годишно момче


Во центарот на Атина утрово продолжија судирите меѓу групи млади лица и полицијата по смртта на 15-годишно момче убиено од полицијата. Група млади лица со маскирани лица фрлаа камења и Молотови коктели врз полицијата пред факултетот по право.

Полицијата возврати со солзавец, јавија грчки медиуми.

Главните универзитети во грчкиот главен град се окупирани од студенти кои протестираат.

Според западни медиуми, поради инцидентот министерот за внатрешни работи Прокопис Павлопулос поднел оставка која не била прифатена од премиерот Костас Караманлис.
XS
SM
MD
LG