Достапни линкови

Приштина: Најважно е Еулекс да се распореди на целата територија на Косово


Шефот на Меѓунардоната цивилна канцеларија и висок претставник на ЕУ на Косово Питер Фејт изјави денеска дека во вторник 9 декември кога Еулекс ќе почне со работа, „реалноста на теренот ќе се измени“ и оти сега е најважно распоредување на мисијата на целата територија на Косово.

Во интервју за приштински Експрес тој изјави дека „постои идеја Еулекс од 9 декември да има тимови на теренот во цело Косово“ и додаде дека мисијата од тој ден ќе се распореди до Зубин Поток и Лепосавиќ.
XS
SM
MD
LG