Достапни линкови

Градњск: Саркози ќе се сретне со Далај Лама и со премиерите на источно-европските земји


Францускиот претседател Никола Саркози денеска во послкиот град Гдањск ќе има средба со премиерите на 9 источно-европски земји, во обид да ги убеди да го прифатат амбициозниот план на Европската Унија во врска со климатските промени. Полска, Литванија, Летонија, Естонија, Унгарија, Бугарија, Романија, Чешка и Словачка, се против планот за намалување на емисијата на штетни гасови за 20 насто до 2020-та година. Предвидено е Саркози, во Гдањск, каде што се одбележува 25 годишнината од добивањето на нобеловата награда за мир на Лех Валенса, да се сретне и со тибетанскиот духовен лидер Далај Лама.
XS
SM
MD
LG