Достапни линкови

Москва: Почина Патријархот на Руската православна црква


Патријархот на Руската православна црква Алексеј Втори почина денеска, соопшти Московската патријаршија, без да ја наведе причината на неговата смрт. Агенциите јавуваат дека седумдесет и девет годишниот патријарх подолго време имал проблеми со срцето. Тој беше избран за патријарх на Руската православна црква по смртта на патријархот Пимен, во 1990 година. Алексеј се сметаше за главна пречка на напорите на папата Јован Павле втори за обединување на двете цркви.
XS
SM
MD
LG