Достапни линкови

Македонија не е ставена во втор план, оценува екс амбасадорот во НАТО Нано Ружин


Тоа што Македонија од вчера доби две нови членки во Јадранската група односно Босна и Херцеговина и Црна Гора кои сеуште немаат ниту акционен план за членство во НАТО не може да се толкува како ставање во втор план на земјава - смета поранешниот македонски амбасор во алијансата Нано Ружин.

„Тоа не значи дека е сепак фрлена во втор план. Нема некоја активна улога на НАТО за да се казни Република Македонија.“

Македонија всушност не ставена во ред за чекање на влез вели Ружин и и потсетува дека приклучувањето кон Алијансата ке следи веднаш отакако ке се реши спорот со името со Грција:

„Веќе во следните ако не 24 туку 48 часа, на состанокот на НАТО амбасадорите Македонија може да добие покана.“

Во мегувреме додека трае спорот кој според пермиерот Грсуевки нема изгледи да се реши до средината на идната година Македонија останува земја со најдолг стаж на чекање на влез. Претходните наши партнери од Јадранската Група Хрватска и Албанија веќе се во процедура за полноправно члентсво откако на самитот во Букурешт ги добија поканите. На новото партнерство со Босна и Херцеговина и Црна Гора може да се гледа и како на начин земјава да остане во кондиција односно да не се одлаечи од евроатлантскиот пат вели Аналитичарот Алберт Муслиу според кој групата А3 во ваков состав може да има и друго толкување

„Ние се уназадуваме, значи влегуваме во група со држави чии аспирации кон НАТО ќе бидат подолги. Јас сум уверен дека Црна Гора тој процес ќе го помине многу побрзо од Босна, но влегуваме во иста група со Босна која има сериозни внатршни политички проблеми.“

Факт е дека Грција во април го сперчи нашиот влез во НАТО но сепак додава Муслиу и македонските политиачри имаат своја вина за ваквиот исход. Бевме лидер во евратлански интегративни процееси, а сега може да очекуваме и Косово да ни се приклучи. Групата земји во која се наоѓаме покажува дека нешто не е во ред смета Муслиу

„Ние знаевме со кого треба да решиме проблем. Тој проблем не е нов туку стар. Требаше нашата дипломатија да ги изведе работите, дали треба да влеземе со таков пристап кон Грција, дали требаше дипломатијата да биде потивка, а не да правиме преговори со Грција преку медиуми.“
XS
SM
MD
LG