Достапни линкови

Брисел: Солана треба официјално да ја прогласи подготвеноста на ЕУЛЕКС да функционира на Косово


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана денеска би требало официјално да ја прогласи подготвеноста на мисијата ЕУЛЕКС да функционира на Косово, најавувајќи го притоа нејзиниот формален почеток на работа за 9 декември, соопштиле извори во Советот на Унијата а јавуваат агенциите. Министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата на состанокот во понеделник во Брисел ќе расправаат за ЕУЛЕКС. Мисијата во почетната фаза брои околу 1.300 меѓународни официјални претставници, полицајци, обвинители, судии и цариници. Поголемиот дел од мисијата се состои од полициски единици кои ќе бидат оперативни уште од првиот ден.
XS
SM
MD
LG