Достапни линкови

Скопје: По вчерашното невреме, денеска стабилизирање на состојбата во Македонија


По невремето што вчера ја зафати Македонија од управата за хидро метеролошки работи информираат дека денеска состојбата ке се стабилизра , ке има намалување на облачноста , врнежите ќе престанат а ке дува умерен јужен ветер. Во вчерашното невреме животот го загуби 81 годишна неподвижна старица во Радовиш откако вода влезе во нејзиниот дом. Покрај во Радовиш како што информираат од Центарот за управување со кризи големи штети се предизвикани во Конче и Прилеп, но погодени се речиси сите општини. Најмногу дожд пак наврнало во Виница - 58 литри на метар квадратен за многу кратко време.
XS
SM
MD
LG