Достапни линкови

Владините мерки ја зголемуваат опасноста од девалвација, оценуваат економистите


Власта тврди дека до девалвација на денарот нема да дојде но изјавата на гувернерот дека по секоја цена ќе се одржува стабилноста на девизниот курс на експертите им звучи како согледана опасност тоа да се случи. Растот на трговскиот дефицит и налетот на светската рецесија се дел од содржината на опасностите. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини предупредува дека опасностите да се намали вредноста на домашната валута се зголемуваат поради одбраните мерки на Владата за справување со глобалната финансиска криза кои се поинакви според него од она што развиените земји го прават а што ги опфаќа областите на фискалната политика и на буџетот. Владините мерки вели Хајредини не ги поддржуваат извозно ориентираните фирми, тоа го намали индустриското пропизводство, тоа влијае на зголемување на трговскиот дефицит и натаму а девизните резерви ќе мора да се користат за покривање на трговскиот дефицит, објаснува Хајредини.

„Сите овие движења водат кон тоа да расте дефицитот, а во тој случај тоа директно влијае во намалување на девизните резерви и немање можност за одржување на стабилноста на курсот,“

вели Хајредини.

Професорот Тихомир Стојановски не очекува големо влијание на светските економски движења врза македонската економија поради тоа што не е развиена ниту бележи значително присуство на странски инвестиции. Сепак, смета дека девалвацијата која сепак би дошла само како политичка одлука само би ги зголемила проблемите.

„Нема економски резон, од аспект на социјалата. Сите цени на мало ќе се покачат за процентот на девалвација, додека сите фиксни примања ќе останат исти. Дури ќе се случи и некои плати да се намалат и тука е социјалниот проблем. Јас сум против тоа.“

Наместо тоа Јовановски предлага флексибилност на девизниот курс за 5 проценти ккао начин на негово одржување.

Во оваа ситуација мора да се стегне каишот во јавната потрошувачка, вели Хајредини што и натаму не гарантира дека сето тоа нема да се одрази врз намалувањето на економскиот раст.
XS
SM
MD
LG