Достапни линкови

Експертите со поделени мислења, дали Груевски ја турка Македонија кон изолација


На Грција не и паѓа на памет да попушти во делот на идентитетот и прави се за да не дојде до договор. Додека има подготвеност да се попушти за името за да го добиеме идентитетот ги уриваме позициите на земјата, изјави синоќа на трибина во скопско Драчево премиерот Никола Груевски. Оваа негова изјава следеше неколку часа откако членките на НАТО во завршниот документ од министерскиот состанок во Брисел го повторија заклучокот од самитот во Букурешт - Македонија ќе влезе во НАТО кога ке го реши спорот со името со Грција. Ова не изјава на политички став туку за заисткривање на политичкиот став ја анализира универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски пораката која синоќа ја испрати премиерот. Дилемата која се поставува односно дали би можеле да влеземе во НАТО со жртвување на идентитетот е лажна вели Фрчковски:

„Никој не бара од нас да го жртвуваме идентитетот, и последните предлози од Нимиц, ако се преговара, доаѓаат до момент да го решат тој проблем, цврсто да го гарантираат нашиот идентитет, а истовремено да создадат решение за меѓународно име кое треба да го замени ФИРОМ.“

Според Фрчковски сите вакви изјави се креирани од ист центар за како што вели затскривање на вистинските позиции на владата

„А, таа е држење на Македонија во еден период на изолација, надвор од НАТО и ЕУ.“

Со сосема поинаков став е експертот по мегународно парво Јана Лозановска. Таа во изјавата на премирот не гледа тврди ставови туку како што вели соопштување на реалноста во врска со спорот со Грција која е иста веке 15 години

„Од наша страна се прави се да се затвори ова прашање. Бидејќи не мачи, и обичниот граѓанин го мачи. Јасно е дека многу тешко може да се дојде до било какво решение. Ете, преговорите продолжуваат но тешко дека тоа ќе се случи.“

Доколку Грција не е подготвена на никаков комромис како што вели премиерот како тогаш Македонија ке влезе во НАТО . Тешко- вели Лозановска

„Доколку НАТО не се реформира, и тоа треба да се бара. Ова е процедурално прашање, не е суштинско прашање за НАТО. А, НАТО го има принципот на едногласност што се однесува на сите прашања. Принципот на едногласност треба да се однесува на воени акции, колективна самоодбрана, а не за вакви прашања коишто се процедурални и да речам технички.“

Македонија има иднина во НАТО и жалиме што спорот околу името сеуште е отворен - порача вчера од Брисел американскиот државен помошик секретар Даниел Фрид кој изрази надеж дека наскоро ке дојде до решени. Со него на маргините на мисниетскиот совет на ОБСЕ кој се одржува денеска и утре во Хелсинки ќе се сретне и македонскиот шеф на дипломатија Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG