Достапни линкови

Москва: Русија ќе помине низ глобалната финансиска криза со минимални загуби, вели Путин


Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека Русија ќе помине низ глобалната економска криза со минимални загуби. Путин денеска одговара на прашања на руските граѓани, што се пренесува директно на радио и телевизија. Русите можеа да испраќаат прашања до Путин по телефон, интернет, со пораки, а првото на кое одговараше Путин беше од лице кое останало без работа, заедно со повеќемина други од неговиот град и го праша Путин како да преживее. Во врска со Руско – Американските односи, Путин оцени дека очекува позитивен развој, особено по изборот на Барак Обама за претседател.
XS
SM
MD
LG